На Јувентус ваква катастрофа му се нема случено во историјата во ЛШ

Галатасарај го победи Јувентус со 5-2 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Старата дама“ се распадна во Турција и сега има само теоретски шанси за квалификација. Реваншот е на 25 февруари во Торино . Срамниот пораз нема да го заборави наскоро тимот предводен од Лучијано Спалети. За прв пат во историјата, поранешниот италијански шампион прими 5 гола во натпревар од Лигата на шампионите.

Јувентус губеше со 1-0, го сврти резултатот до полувремето, но катастрофата се случи во второто полувреме. Турците постигнаа уште 4 гола и со едната нога се во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Галатасарај, од друга страна, имаше причина за славење. За прв пат во историјата, турскиот тим постигна 5 гола на натпревар во најважниот европски клупски турнир. Пред овој пораз, само Баерн, Реал Мадрид и Челзи имаа постигнато по четири гола во голот на Јуве.

Покрај тоа, ова е втор најтежок пораз за Италијанците на европските клупски турнири, по 0:7 против Виенер Спорт-Клуб на 30 септември 1958 година.

Се вчитува...