На „Јужна“ против Шпанија ќе блесне „македонското сонце“: Биди дел од мозаикот!

Бодри ја Македонија и биди дел од мозаикот со македонското знаме, е повикот од Фудбалската федерација на Македонија за сите навивачи на Македонија за квалификацискиот натпревар со Шпанија кој се игра на 11. јуни на националната арена од 20:45 часот.

Како што информираат од ФФМ, на секое седиште на Јужната трибина на арената ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

„После химната, нема замор. Поддржете ја Македонија“е повикот и на капитенот Горан Пандев за поддршка на македонската селекција на дуелот против европскиот и светски фудбалски гигант.

Билетите се во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

 

Се вчитува...