На Кеита Балде пред потпис за Сампдорија му открија Covid-19

Сенегалскиот репрезентативец Кеита Балде на чуден начин дозна дека е позитивен на коронавирусот. Крилниот играч на Монако пристигна во Џенова на медицински прегледи пред потпис со Сампдорија, а му беше откриено дека е позитивен на Covid-19. Тој веднаш е префрлен во карантин и не е познато дали воопшто ќе може да го реализира трансферот до крајот на летниот преоден рок со оглед дека прозорецот затвора на 5 октомври.

„Тој немаше никаков контакт со останатите членови на професионалниот погон“, велат од редовите на Сампдорија.

Во градскиот ривал Џенова е сериозно вклучен алармот откако дури 14 фудбалери и членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирусот по последното тестирање.

 

Се вчитува...