Ијана Мејведер, 19-годишната ќерка на најбогатиот спортист во светот, боксерот Флојд Мејведер, се соочува со затворска казна од дури 99 години.
Ијана пред седум дека во куќата на својот вереник, раперот Кентрел Голден, затекна друга жена при што напаѓајќи ја и нанела бројни повреди со лесно оружје. За среќа, жената преживела но Ијана се соочува со кривично обвинение за обид за убиство.
Популарниот рапер, познат како НБА Јангбој, има четири деца иако се уште не наполнил ниту 21 година. Според информациите од американските медиуми, 25-годишната Лапатра Џејкобс дошла во неговата куќа тврдејќи дека е мајка на неговите деца. Дошло до расправија меѓу неа и Ијана која со два ножа се пресметала и ја повредила Лапатра.
Ијана, по инцидентот, е приведена и неколку дена минала во притвор. Покренато е обвинение за обид за убиство. И се заканува казна затвор од дури 99 години. Судењето ќе го чека од слобода откако е платена кауција од 300.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА