На Кипар се организира проштален натпревар за Иван Тричковски

Екипата на АЕЛ Лимасол достојно ќе го испрати македонскиот интернационалец Иван Тричковски во фудбалска пензија, со проштален натпревар кој ќе биде организиран вечерва.

Тричковски, кој најголем дел од својата кариера ја мина токму на Кипар, и во меѓувреме зема и нивно државјанство, вечерва ќе ја има можноста и официјално да се прости од играњето фудбал.

Пријателски натпревар ќе одиграат АЕЛ Лимасол и Енозис, тимови во кои настапуваше Тричковски, додека АЕК Ларнака нема да земе учество на овој меч, поради тоа што, како што велат, не им одговарал терминот поради настапите на екипата во Европа. А, токму во АЕК Ларнака Тричковски одигра најмногу натпревари и стана најдобар стрелец странец во историјата на клубот.

Претходно Триковски ќе се фотографира со фановите и ќе дели автограми. Потоа ќе има церемонија со говори и доделување на награди, а од 20 часот ќе се одигра пријателскиот меч.

Се вчитува...