Најголемата светска спортска манифестација, Летните Олимписки игри стартуваат официјално денеска со свеченото отворање од 19:30 часот во Париз.
А, пред почетокот на Игрите, англискиот тв-сервис „Би-би-си“ подготви листа на најголемите ѕвезди на кои ќе треба да се фокусирате на ЛОИ 2024.
На таа листа се спринтерот Ное Лајлс, гимнастичарката Симон Бајлс, пливачите Леон Маршан и Кејти Ледецки, рагби-играчот Антоан Дупон, кошаркарот Стеф Кари, спринтерката Шели-Ен Фрејзер-Прајс…, но и тенисерот Новак Ѓоковиќ кој ќе се обиде да дојде до единственото нешто кое му недостасува во кариерата – олимпиското злато.
Biles, Djokovic & Lyle – global stars to follow at Paris 2024: Novak Djokovic, Simone Biles and Noah Lyles are among the biggest names in Paris 2024. https://t.co/t0xHnIuVjF pic.twitter.com/7tqd30f59m
— Global Voters (@global_voters) July 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА