На Копа Америка се игра додека Бразил не победи: Со гол во 100. минута до триумф над Колумбија

Бразил го задржа стопроцентниот ефект во групната фаза од Копа Америка откако „кариоките“ на третиот дуел ја забележаа третата победа, овојпат над селекцијата на Колумбија со 2-1.

Триумфот беше исклучително тежок, откако Колумбијците први поведоа во 10. минута со евроголот на Дијаз, а Бразилците направија целосен пресврт дури во 100. минута од мечот. Роберто Фирмино во 78. минута израмни на 1-1, а конечните 2-1 беа поставени дури во десеттата минута од судиското продолжение, кога Кашемиро одлично се снајде по корнерот од десната страна и го матираше голманот Оспина.

Бразил е првопласиран во групата со девет бода по првите три кола, пред Колумбија и Перу со по четири бода (Перу има меч помалку од Колумбијците).

Се вчитува...