Каде ќе ја продолжи кариерата Никола Миротиќ е едно од најчестите прашања во светот на спортот ова лето. Новите информации велат дека Панатинаикос е нова опција за црногорскиот кошаркар.
Се чинеше дека се е подготвено Никола Миротиќ да потпише договор со Партизан, се чекаше само потврда од клубот, но од неа со денови нема ништо.
Шенгелија беше блиску до доаѓање во Панатинаикос, но Грузиецот сепак не постигна договор со грчкиот клуб, па Никола Миротиќ сега е меѓу желбите на атињаните.
Миротиќ летово се поврзуваше со Црвена Звезда и Армани, па со Партизан, а сега во игра е и Панатинаикос кој според грчките медиуми има најсериозна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА