На „кралевите“ не може да им се погоди тренер: „Арбелоа не е за оваа работа“

Јавна тајна е дека нарушените односи со фудбалерите беа причина Чаби Алонсо да добие отказ во Реал Мадрид, а последните информации говорат дека именувањето на Алваро Арбелоа воопшто не е позитивно прифатено меѓу најголемите ѕвезди на најтрофејниот европски клуб.

Екс-дефанзивецот се обиде со поблизок и поотворен однос со фудбалерите да се приближи до нив, што од сентиментален аспект е позитивно за него, но клучните играчи воопшто не се импресионирани од тактичката подготвеност на Арбелоа.

Реал беше елиминиран од Копа дел реј под негово водство, загуби на клучниот меч со Бенфика и ќе мора да игра 1/16 финале во ЛШ, додека на средбите од Ла Лига најчесто се мачи како што тоа беше случај на дуелот со Рајо и победата од пенал во 100. минута.

Oпштиот впечаток во тимот е дека средбите се добиваат само на индивидуален квалитет, дека недостига тактичка подготвеност за секој од ривалите, а шпанските медиуми тврдат дека се почесто може да се слушне „Не е тој за оваа работа“ кога се говори за ангажманот на Арбелоа како предводник на шпанскиот дрим-тим.

И додека Арбелоа навистина е неискусен како тренер на највисоко сениорско ниво, не може човек а да не се запраша, а кој е за ваква работа, да работи со врвни фудбалери кои воедно се и размазени „ѕвезди“, а згора на тоа ја имаат поддршката на управата поголема во однос на било кој тренер.

Се вчитува...