На Лајпциг му тргна откако го смени тренерот

Лајпциг најмалку на еден ден ќе биде во Топ 4 во Бундес-лигата откако клубот на нашиот Елиф Елмас вечерва стигна до голема победа на гостувањето против Волфсубрг од 2-3.

Заминувањето на тренерот Марко Росе се покажа како успешна шок-терапија, пред се за одличниот Чави Симонс кој повторно блеска по тренерската смена во Лајпциг. Токму холандскиот репрезентативец беше клучна фигура со два гола во првото полувреме, еден постигна Опенда, па Лајпциг замина на одмор со предност од 0-3.

Волфсбург се разбуди во вториот дел, успеа да постигне два погодоци, но не и целосно да се врати, па домаќините ја продлабочија сопствената резултатска криза со четвртиот бундеслигашки пораз во низа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...