Турскиот фудбалер Серадар Азиз се најде во лага и во големи проблеми. Поради објавата на Инстаграм на неговата сопруга Тугче, Азис сега е пред отказ во Галатасарај.
Тој на клупските доктори им пријавил дека има болки во стомакот поради кои не можел да се појави на минатонеделниот меч со Сиваспор. И се би било во ред ако неговата сопруга еден ден подоцна не се ја објавела нивната фотографија од Малдиви.
Наместо на домашна нега во Истанбул, Азиз, здрав и свеж позира со сопругата на идиличен зимски одмор. Но, токму таа фотографија сега ќе го чини отказ. Фудбалерот не побарал дозвола од клубот, а не ни прашал дали смее да замине на патување.
Соиграчите од Галатасарај кога ја виделе фотографијата од Малдиви, на Азиз му порачале дека не го сакаат во соблекувалната и дека нема потреба да се враќа на тренинг.
Азис има 16 настапи за репрезентацијата на Турција, а во Галатасарај стигна од Бурсаспор во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА