Легендарниот англиски фудбалер Стјуарт Пирс ја загрижи цела Англија поради драмата што ја доживеа на прекуокеански лет. На поранешниот дефанзивец му се слошило за време на летот, а медицинските служби морале да реагираат. За да му пружи помош на Пирс, авионот принудно слетал во Сент Џонс, Канада. Патниците пристигнале во Лондон шест часа подоцна.
Пирс во кариерата играше и за Велдстон, Ковентри, Њукасл, Вест Хем и Манчестер Сити. Како тренер ги водеше Манчестер Сити и Нотингем Форест, а беше и тренер на младинската репрезентација на Англија. Накратко работеше како вршител на должноста селектор на англискиот тим А во текот на 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

