После победата над Челси во Лондон, Астон Вила вечерва „грабна“ три бода и на гостувањето кај Лестер, кој играше прв натпревар по смената на Брендан Роџерс.
Астон Вила преку Воткинс во 24. минута дојде до водство. Барнс успеа да израмни на 10 минути пред крајот на полувремето.
Клучно беше исклучувањето на Девсбури-Хал во 70. минута, а Траоре со прекрасен гол го донесе тимот на Астон Вила во предност и до победа на крајот.
Тимот на Лидс со головите на Харисон и Синистера со пресврт го победи Нотингем Форест, додека Брајтон славеше на гостувањето кај Борнмут со 0-2 со головите на Фергусон и Енкисо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

