На лето нова мегаразмена: Бензема во ПСЖ, Кавани во Реал Мадрид

Европскиот клупски првак Реал Мадрид е во тотален хаос и се подготвува тотална „чистка“ на крајот од сезоната. Претседателот Флорентино Перез сака да купи двајца елитни напаѓачи, Нејмар и Хари Кејн, но многу веројатно е да се случи и една мегаразмена.

Французинот Карим Бензема се повеќе ги разочарува фановите на „кралскиот клуб“, па иако има договор до 2021 година, многу веројатно е дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок. Неговата намера е да се врати во Франција, а неговиот агент веќе отпочнал преговори со Пари Сен Жермен. Во спротивна насока во таков случај ќе замине Единсон Кавани, кој е несреќен во Париз и сака да ја промени средината. Иако Наполи прави обиди за да го врати во Италија, Реал Мадрид е заинтересиран да го добие преку размена со Бензема.

 


Се вчитува...