Европскиот вицепрвак Ливерпул одлучи да направи драстичен чекор за ангажман на квалитетен чувар на мрежата. По катастрофалните грешки што ги направи Лорис Кариус и загубеното финале во Лигата на шампионите, раководството на клубот и менаџерот Јирген Клоп посакуваат да го ангажираат Јан Облак, словенечкиот интернационалец од Атлетико Мадрид.
Ливерпул е подготвен да испрати понуда вредна 80 милиони фунти за да го купи Облак. Сепак, прашање е дали тоа ќе биде доволно за шпанскиот клуб да се откаже од одличниот чувар на мрежата. Во опција се и Џек Бaтланд од Стоук, како и Алисон Бекер од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА