На Ливерпул не му треба Салах кога го има Жота

Ливерпул одговори на предизвикот, па и без десет првотимци во составот тимот на Јирген Клоп славеше на гостувњето против Борнмут со 0-4 и се зацврсти на чело на премиерлигашката табела. Борнмут имаше само еден пораз на последните десет средби, но домаќините не најдоа начин да го загрозат голот на Алисон Бекер, додека Ливерпул на спротивната страна го имаше извонредниот Жота, кој со два гола и една асистенција беше најдпобар поединец на натпреварот.

Првото полувреме мина во тактичко надмудрување без премногу шанси на двете страни, но затоа Ливерпул поведе на самиот старт од вториот дел, кога Жота го проигра Дарвин Нуњез, а уругвајскиот голгетер мајсторски ја смести топката во мрежата.

Постигнатиот гол даде уште поголема самодоверба на избраниците на Клоп, кои умешно го користеа просторот што им го оставија домаќините принудени да ја отворат својата игра. Жота зголеми на 0-2 на асистенција на Гакпо, а Португалецот потоа го постигна и третиот гол за Ливерпул, на додавање на младиот Бредли кој се покажа како одлична замена за повредениот Александер Арнолд.

Конечните 0-4 во втората минута од судиското продолжение ги постави Дарвин Нуњез со својот втор гол, по одличниот центаршут на Џо Гомез.

Ливерпул со овој триумф повторно има „плус пет“ во однос на шампионот Манчестер Сити, со тоа што „граѓаните“ имаат и меч помалку, оној неодиграниот на домашен терен против Брентфорд.

Се вчитува...