Сергеј Милинковиќ Савиќ може да го напушти Лацио за 40 милиони евра во претстојното лето, пренесуваат италијанските медиуми.
Римските медиуми истакнуваат дека претседателот на клубот, Клаудио Лотито, оваа информација му ја соопштил на менаџерот на играчот Матеја Кежман. Пред само една година Лотито бараше 100 милиони за српскиот играч за врска, кога заинтересирани за него беа Арсенал и Јувентус, а повремено се споменуваше дека нема да го пуштат за помалку од 120 мил.
Сепак, Сергеј се ближи до последната година од договорот и ситуацијата драстично се менува. Кежман веќе донел разни понуди до Лотито, кои ги одбил, а најпрофитабилната била од Манчестер јунајтед од 70 милиони евра пред две години.
Со оглед на должината на договорот, прашање е дали Кежман ќе успее да ги донесе бараните 40 милиони евра, бидејќи пореално е таа сума да биде од 25 до 30 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ постигна шест гола со осум асистенции на 36 натпревари за Лацио оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА