На Македонија во Данска ќе и суди арбитар кој бил суспендиран

Германскиот арбитар Феликс Цвајер е делегиран за главен судија на претстојниот бараж-меч меѓу Данска и Македонија на стадионот „Паркен“, одлука која веќе крена прашина во фудбалската јавност поради неговата контроверзна биографија.

Иако УЕФА му ја додели довербата на искусниот Германец, неговото име се поврзува со најголемиот корупциски скандал во германскиот фудбал од 2005 година, кога беше суспендиран поради примање мито за местење натпревар. Сенката врз неговиот интегритет дополнително ја подгреа Џуд Белингем во 2021 година, јавно потсетувајќи го светот на неговите стари „гревови“ по спорното дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Интересно е што Цвајер требаше да ни суди и против Италија во Скопје минатата година, но тогаш УЕФА го повлече во последен момент.

Се вчитува...