На Манчестер Сити му се заканува исфрлање од Премиерлигата: Како би изгледала табелата без „граѓаните“!?

Премиерлигата по четири години истрага го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на кршење на финансиските правила на лигата. Меѓу останатото, го обвинува и за криење на изворите на приход, како и вистинските плати на фудбалерите, како и тоа дека со таен договор исплителе милиони на претходниот тренер Роберто Манчини.

„Тајмс“ наведува дека толкав број сериозни прекршувања на правилата не е забележан во историјата.

„Ако се докаже вината на Сити тогаш му се заканува и исфрлање од лигата, а му се заканува и одземање титули, забрана за трансфери и идно ограничено користење финансиски средства“ – пренесуваат англиските медиуми.

УЕФА, како што е познато, пред три години веќе го казни клубот со двегодишна забрана за учество на европската сцена и со уште 30 милиони евра поради прекршување на фер-плејот од 2012 до 2016 години, но Високиот суд (ЦАС) во Лозана ја поништи таа пресуда.

ЦАС тогаш не само што го спаси Сити од исфрлање од европските купови, туку и паричната казна му ја намали од 30 милиони на 10 милиони евра. Сепак, ова ново обвинение за „граѓаните“ кое сега го покренува Премиерлигата опфаќа многу потешки случаи.

Англиската јавност, од сите казни кои се најавуваат за Сити, се разбира ако се докаже обвинението, најмногу ја интригира исфрлањето од Премиерлигата. Затоа што во девет години кои се опфатени со истрагата, Манчестер Сити освои три шампионски титули, а од 2018 до денес уште трипати. Дали ќе бидат одземени тие три титули освоени кога се опфатени тие години со истрагата!?

Се вчитува...