На Манолас на промоцијата му донесоа лав, па тој „скокна“ од страв (ВИДЕО)

Грчкиот фудбалер Константинос Манолас пред неколку дена стана член на Шарџах од ОАЕ. Откако играше за Олимпијакос, Рома и Наполи, Гркот лани мина една сезона во Олимпијакос, по што се реши повторно да замине надвор од границите на својата земја.

Интересно беше на неговата промоција, односно додека го фотографираа за промоција во новиот клуб. За да биде поинтересно, клубот на фотографирањето донесе лав. Во еден момент додека се фотографираше, лавот испушти крик, па Манолас се исплаши и стана, тргајќи да бега.

Присутните се обидоа веднаш да го смират, но Манолас беше видно вознемирен.

Се вчитува...