Милвоки претрпе пораз од 112-108, уште еден дуел кој докажа дека еден кошаркар сам со добра партија не може да добие натпревар. Погодувате, станува збор за Јанис Адетолкумбо, извонедниот грчки интернационалец го заврши натпреварот со 48 поени и 17 скокови за нецели 39 минути игра, но и тоа беше недоволно за Милвоки да слави во Тексас. „Ракетите“ одиграа маестрално прво полувреме во кое стигнаа и до 20 поени разлика, Милвоки успеа да се приближи, но Хјустон сепак ја задржа предноста до самиот крај и стигна до заслужена победа. Шенгун со 21 поен и 11 скокови беше главен играч во победничкиот тим,
Филаделфија загуби на домашен терен од Јута со 109-120, уште еден дуел на кој Ембид не настапи поради оток на коленото, а неговиот тим не успеа да се снајде без помошта на актуелниот МВП на лигата. Финецот Марканен го предводеше составот од Солт лејк сити до оваа победа со импресивен дабл-дабл од 33 поеи и 13 скокови, додека Макси со 25 поени беше прв стрелец на Филаделфија.
Бостон славеше во Индијана со 101-118, за четврта победа во последните пет меча и продолжување на трката со Филаделфија за првото место во Источната конференција. Тејтум беше незапирлив постигнувајќи 38 поени, 13 скокови и 6 асистенции, но имаше и огромна помош од Браун и неговите 31 поен, сосема доволно за Бостон да стигне до победата.
Резултати НБА:
Индијана – Бостон 101-118, Вашингтон – Њујорк 105-121, Филаделфија – Јута 109-120, Хјустон – Милвоки 112-108.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

