На Светското првенство во Катар, фудбалската правда ќе ја делат 36 судии, 69 помошни судии, 24 ВАР судии, а првпат во историјата на Светските првенства на списокот се и шест жени – три главни и три помошнички.
Честа да бидат главни судијки на најголемиот светски фудбалски собир ќе ја имаат Стефани Фрапарт од Франција, Салима Мукансанг од Руанда, Јошими Јамашита од Јапонија, и помошничките Неуза Бак од Бразил, Карен Диаз Медина од Мексико и Кетрин Несбит од САД.
„Навистина сум почестена, затоа што ништо не е поголемо од Светско првенство. Повеќе не станува збор од кој пол сте, туку се е од вашата способност“, рече Фрапарт од Франција.
Таа е прва судијка која судеше во француската Лига 1, а го водеше и финалето на Светското првенство во жени во 2019 година. Исто така беше главна судијка која ја делеше правдата на Суперкупот на Европа во 2019 година, а пред две години стана првата жена која судеше на меч во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА