Жозе Мурињо летово пристигна во Фенербахче како главен адут за освојување на титулата, но португалскиот стратег се соочи со неочекувани проблеми на стартот од авантурата во Истанбул.
Тој беше елиминиран од Лил во квалификациите за Лигата на Шампионите, а лошо му тргна и во турското првенство, каде по шест кола веќе заостанува пет бода зад шампионот Галатасарај. Особено болен беше поразот викендов, кога на домашен терен Мурињо беше понижен токму од Галата со 1-3.
Турските медиуми информираат дека Португалецот бил бесен на своите фудбалери, обвинувајќи ги за катастрофалното издание во големото дерби. Новинарот Серкан Хамзаоглу објави дека трофејниот стручњак ден после мечот дури и ги заклучил играчите во соблекувалната, по што почнал да вреска кон нив.
„Мурињо ја собрал целата екипа, ја заклучил соблекувалната и почнал со своето шоу. Имал подготвено видео со сите грешки и почнал да вреска за секоја ситуација. Рекол дека е дојден во Турција за да стане шампион и ако види уште еден ваков натпревар од својот тим, веднаш ќе си замине“, пишува Хамзаоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА