Жозе Мурињо нема намера да се пресели во Саудиска Арабија и покрај богатите понуди на тамошните тимови, пренесуваат италијанските медиуми. Португалскиот стратег сака да остане во Рома и да се бори за нови трофеи по двете успешни сезони.
За услугите на харизматичниот Португалец постоеше интерес од Ал Итихад и Ал Наср, но барем засега 60-годишниот стратег одолева на проектот на богатите Саудици кој веќе ги привлече Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’голо Канте…
Мурињо кој во минатото ги предводеше Бенфика, Порто, Чеси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем е дел од Рома од 2021 година. Во првата сезона успеа да го донесе првиот трофеј за „волчицата“ по 14 години, а оваа сезона беше дел од финалето во Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА