Повеќе од интересен момент пред почетокот на денешниот натпревар меѓу Шкендија и Тотенхем во 3. коло од квалификациите за Лига Европа.
За време на почетното загревање, голманите на англиските тим забележале дека едниот гол на националната арена „Тодор Проески“ е помал од неопходното. Токму поради тоа Жозе Мурињо и Тотенхем веднаш инсистирале да биде променет, па во 18 часот, и по проверка од официјалните лица на УЕФА утврдено е дека голот е навистина помал и веднаш променет…
„Моите голмани ми рекоа дека голот е мал и навистина беше така. Голманите имаат искуство и знаев дека нешто не е во ред. Го известивме делегатот и по мерењето на официјалните лица од УЕФА беше утврдено дека е пократок за пет сантиметри. Баравме да се промени и да се донесе гол со точна димензија, и тоа се случи“ – информираше Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.
На сето ова одговор имаше и шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока кој истакна дека и тие не знаеле за тоа што тоа не е стадион на клубот, а за него се грижи друга институција.
„Ние не знаевме за тоа. Ова, сепак, не е стадион на Шкендија“ – истакна Ѓока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА