Германската фудбалска лига (ДФБ) започнува со пилот проект во кој судиите ќе им ги објаснуваат ВАР одлугите на навивачите на стадионот преку звучници почнувајќи од претстојниот викенд.
„Како дел од проектот, на вкупно девет стадиони во Бундеслигата и Бундеслига 2, судиите преку звучниците на стадионот ќе ги соопштуваат своите одлуки поврзани со одредени ситуации на теренот. Пилот проектот ќе биде лансиран на пет натпревари овој викенд“, објави ДФБ.
Девет клубови доброволно учествуваа во проектот, меѓу кои и шампионот во Бундеслигата Баер Леверкузен и актуелниот лидер Баерн Минхен. Дел од проектот се и Борусија Дортмунд, Фрајбург, РБ Лајпциг и Гројтер Фирт.
Тестот на второлигашот Фортуна Дизелдорф против ССВ Улм во сабота ќе биде првиот натпревар во Германија на кој судиите ќе ги објаснат нивните одлуки. Новиот систем ќе се тестира на саботните натпревари меѓу Баерн Минхен и Холштајн Кил, а Ст. Паули – Аугсбург, а в недела на средбите Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург и Баер Леверкузен – Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

