На навивач на Партизан му се слошило за време на прикажување на филмот за Вујошевиќ

Беше многу емотивно на „Белградска арена“ каде што беше одржана минута молчење пред натпреварот Партизан – Жалгирис за неодамна починатиот Душко Вујошевиќ .

Додека на големото платно во салата се емитуваше филм посветен на популарниот Дуле, за жал, на еден навивач му се слоши, а лекарите веднаш интервенираа и започнаа со реанимација, која се одвиваше во ходникот на салата.

Според информациите од порталот „Спортал“, на полувремето од натпреварот навивачот бил пренесен во болница, а сè уште нема вести за неговата состојба.

Се вчитува...