На НБА-ѕвезда се му се простува: Ја малтретираше, понижуваше, ја избрка на улица со детето…, ама му се врати (ФОТО)

Кошаркарот на Јута џез, Малик Бизли и сопругата Монтана Јао го очекуваат своето второ дете иако пред само неколку месеци НБА-ѕвездата брутално ја понижуваше, изневеруваше, малтретираше и среде ноќ ја исфрли на улица заедно со нивното прво дете.

25-годишниот Бизли изминативе две години постојано ги полни насловниците на жолтиот печат во САД, а причините воопшто не се кошаркарски. Тој во мај, поради познатата Ларса Пипен, ја напушти сопругата Монтана Јао, а неа и малото синче ги избрка на улица среде ноќ без никакво објаснување.

Љубовната фарса со поранешната сопруга на Скоти Пипен траеше кратко, затоа што таа го остави поради тоа што и го направил на Монтана.

„Кога слушнав како ги третирал жената и своето дете не сакав таков човек покрај себе. Тој воопшто не е вистински маж, плачко, ефтина роба“ – порача тогаш Ларса.

Па, Молик ја молеше сопругата да му прости и таа му прости па повторно завршија заедно. Монтана го прифати извинувањето и сега е повторно бремена, наводно среќна како никогаш. Бизли, пак, наводно е смирен и сега посветен на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONTANA (@montanayao)

25-годишниот кошаркар минатата година мина и два месеци во затвор откако полицијата за време на претрес му пронајде полн багажник од колата со огнено оружје. Бизли во НБА пристигна во 2016 година како 19-ти пик во првата рунда од НБА-драфтот од страна на Денвер. Потоа две години играше за Минесота, за да оваа година е разменет во Јута џез.

Се вчитува...