Фудбалската федерација на Саудиска Арабија им нареди на своите клубови да го напуштат Иран.
Натпреварот од Лигата на шампионите на Азија меѓу Сепахан и Ал Итихад пред 60.000 луѓе е откажан, а истото ќе се случи и со мечот меѓу Насаџи Мандаран и Ал-Хилал.
Да потсетиме, фудбалерите на Ал Итихад не сакаа да излезат на теренот поради присуството на статуата на иранскиот генерал Касем Сулејмани на стадионот, бидејќи Саудиска Арабија го смета Сулејмани за терорист.
Присутни се тензиите меѓу двете земји, а од 2016 година клубовите од Саудиска Арабија и Иран меѓусебните натпревари ги играат на неутрален терен.
Инаку, Ал Наср на Кристијано Роналдо беше првата саудиска екипа која оваа сезона играше во Иран, во Техеран и го совлада Персеполис во натпреварот од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

