На неполни 24 часа по Барселона: Е. Пелистер играше и победи во Кавадарци

Само неполни 24 часа по мечот со исклучително тешкиот дуел со Барселона во Лигата на шампионите, ракометарите на Е. Пелистер триумфираа на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 25-30 во  7. коло од Суперлигата на Македонија.

Тиквеш успеа да го искористи заморот кај битолчани, па во текот на целиот дуел одржуваше израмнет ритам. На полувреме битолчани имаа предност од 12-15, а во првите седум минути од вториот дел домашните дојдоа и до 18-18.

Во игра гол за гол се до 45. минута, потоа гостинските ракометари презедоа се во свои раце, ја вратија предноста, на крај доаѓајќи до победа од 25-30.

Во победничкиот тим четворица ракометари завршија со по пет постигнати гола, Хакбарт, Тајник, како и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ, а кај Тиквеш се издвои Мохамед Магди со осум гола, додека Коцев постигна седум погодоци.

Се вчитува...