Хуан Мата го постигна водечкиот гол за Манчестер јунајтед против Ростов, по што следеше период кога одбраната на „ѓаволите“ мораше да го издржи притисокот на гостите од Русија.
Жозе Мурињо знае што им е потребно на неговите играчи, но „специјалниот“ се надмина себеси кога преку Ешли Јанг му испрати на Маркос Рохо банана, за да добие на сила за завршницата од натпреварот.
Ситуацијата беше несекојдневна и смешна, но целта ги оправдува средствата – Јунајтед не прими гол до крајот и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа.
There you have it Rojo eating a banana mid-way through a game #mufc pic.twitter.com/pKbXBgBt0e
— Thomas Feaheny (@ThomasFeaheny) March 16, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА