На Олд Трафорд му ја затворија вратата, сега му се отвори во Истанбул

Иако чекаше трансфер во Манчестер Јунајтед, сепак, голманот Емилијано Мартинез сега е блиску да потпише за турскиот гигант Галатасарај. Ова ќе биде одговор на нивниот ривал Фенербахче кои се блиску да го потпишат Едерсон од Манчестер Сити.

Откако Манчестер ангажираше нов голман од Белгија, вратата за Мартинез се затвори, па сега се отвори во Истанбул каде што Мартинез треба веднаш да замине и да го комплетира трансферот.

Мартинез во минатото беше дел од Арсенал, пред да потпише за Астон Вила каде стана незаменлив дел од оваа екипа, а во меѓувреме и од аргентинската фудбалска репрезентација со која го освои Мундијалот во 2022 година.

Се вчитува...