Реал Мадрид повторно е во лош елемент, откако „кралевите“ загубија убедливо на гостувањето кај Еибар (3-0). Изданието на составот на Сантијаго Солари беше очајно, а се чини дека и во сивилото најмногу откоскнуваше Велшанецот Герет Бејл. Тој е непрепознатлив оваа сезона и се чини дека тоа го сфати и претседателот Флорентино Перез. Тој беше негов голем поддржувач, дури имаше и расправии со Зинедин Зидан на оваа тема, по што Французинот си замина од клубот, но полека сфаќа дека Бејл не прикажува игри какви што се очекуваат од него.
На мечот со Еибар, Герет Бејл имал дури 21 загубена топка и само 10 успешни додавања во противничкото поле. Покрај тоа, не влезе ниту во една шанса пред голот на противникот. Ако се анализира и пошироко, Велшанецот има постигнато само пет гола на последните 16 натпревари и веќе тотално го потроши кредитот од финалето во Лигата на шампионите во Кардиф, кога постигна два гола во триумфот од 3-1 против Ливерпул.
Одлуката е донесена, Герет Бејл оди на трансфер – листа и Реал Мадрид е подготвен да ги разгледа сите понуди што ќе стигнат за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА