На пет дена пред почетокот на сезоната не знае дали ќе игра за Барса: „Јас не можам да направам ништо“

На пет дена пред почетокот на новата сезона во шпанското првенство, новиот голман на Барселона, Жоан Гарсија се уште не е регистриран за настап за првиот тим.

Ова не е прв пат Барселона да се соочи со овој проблем, но младиот голман кој дебитираше во победата од 5-0 над Комо и на кој му се предвидува долг престој на „Камп Ноу“ верува дека работите ќе се средат и тој ќе биде во комбинација за настап и во Ла Лига.

„Се чувствувам комотно и среќен сум особено по победата“, изјави Гарсија по убедливиот триумф на кој ја сочува мрежата недопрена.

„Клубот и сите околку мене ми потврдуваат дека се ќе биде во најдобар можен ред. Јас не можам да превземам ништо. Можам само да работам напорно и да се надевам дека се ќе биде во ред“

Се вчитува...