„На Пикси мала му беше Србија, па отиде по лиценца по скратена постапка во Македонија“

Поранешниот фудбалер Раде Богдановиќ сега е популарен фудбалски аналитичар во Србија, пред се поради постојаните критики што тој ги упатува кон бројни играчи и тренери кај нашиот северен сосед.

Тој важи и за еден од најгласните критичари на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, а откако овој кажа дека воопшто не го познава Богдановиќ, експресно следеше одговор со потсетување – дека двајцата заедно ваделе тренерска лиценца во Дојран, Македонија.

„Тој се прави дека не ме познава, па еве ќе го потсетам со нешто конкретно. Еден месец пред да побегне од Србија, Пикси дојде во Македонија за да земе тренерска лиценца по скратена постапка. Мала му беше Србија, па мораше во Македонија да отиде по лиценца зошто му се брзаше бидејќи имаше договор со клубот од Јапонија. Беа 6-7 тренери од Србија, со три-четири љубовници, бевме на Дојранското Езеро, а собата на Пикси беше токму спроти мојата. Дента кога дојде, замина да се тушира, но никој не му кажа дека нема топка вода преку ден поради рестрикциите. Излезе од собата со пешкир околу половината, а на главата имаше пена од шампон. Со едно затворено око ме праша дали има топла вода, му кажав дека нема и дека мора со ладна да се тушира. Многу добро знам дека ме познава, само му одговара да се прави дека не е така“, истакна Богдановиќ.

Се вчитува...