Бразилскиот интернационалец Нејмар ќе добие дозвола да си замине од Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона и да се врати во Ла Лига за сума од 200 милиони евра. Ова како бомбастична вест го пласираше каталонската телевизија „Betevé“. Според овој медиум, Нејмар е блиску до враќање во редовите на Барселона. Неговиот татко во Лондон се сретнал со Андре Кари, кој преговара во името на Барселона за негов кам-бек на „Камп Ноу“.
Пари Сен Жермен има очигледни проблеми со финансискиот фер-плеј на УЕФА и најверојатно ќе мора да продаде една од двете најголеми ѕвезди, Нејмар или Мбапе. Изборот паднал на Бразилецот. Можно е да се случи и размена во која Осман Дембеле ќе замине во Париз, а Нејмар би се вратил во Барселона.
За Нејмар се уште постои интерес и од Реал Мадрид, иако пред само неколку дена се појави информација дека претседателот на клубот, Флорентино Перез, и дефинитивно се откажал од намерата да го купува бразилскиот ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА