Аргентинската судска власт интензивно истражува можни финансиски неправилности во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), со фокус на претседателот Клаудио Тапија и неговиот близок соработник, благајникот Пабло Товигињо.
Во текот на декември 2025 година, извршени се бројни претреси во седиштето на АФА, предиото во Езеиза, канцелариите на Лигата и над 17 клубови. Паралелно, судијата Даниел Рафекас (подоцна отстранет од случајот) нареди претрес во луксузна вила во Пилар (површина над 10 хектари), формално во сопственост на компанијата „Real Central SRL“. Таму се запленети околу 45 луксузни автомобили (Порше, Ферари), мотоцикли и други вредни предмети.
Истрагата ја опфаќа и финансиската компанија „Sur Finanzas“, обвинета за сомнителни кредити на клубови и можно перење пари. ФИФА внимателно го следи целиот случај и доколку на крајот се докаже дека Тапија навистина нелегално стекнал богатство, не е исклучено Аргентина да биде исклучена и од Светското првенство, а ќе биде откажана и Финалисима, меч во организација на ФИФА во кој се среќаваат шампионите на Европа и Јужна Америка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

