Иако во моментов се чини дека тоа е поле на научна фантастика во Калифорнија, се зборува дека Лука Дончиќ покрај себе во Лејкерс ќе има голема суперѕвезда.
Американските медиуми пренесуваат дека Лејкерс се подготвуваат да направат шокантен потег и да го спојат Лука Дончиќ со Никола Јокиќ или со Јанис Адетокумбо.
Ова не е само озборување, долгогодишниот инсајдер на Лејкерс, Ентони Ирвин стои зад оваа приказна.
„Позиционирањето на Лејкерс да го доведат Јокиќ или Јанис веќе започна. Многу луѓе во НБА забележаа чекори и пристапи кои зборуваат во прилог на оваа ситуација“, пишува Ирвин.
Приказната за Леброн и Лејкерс веројатно наскоро ќе заврши, а франшизата е подготвена да направи уште една голема работа. Најпрво ќе го продолжат договорот со Дончиќ, а кога тоа ќе се обезбеди, ќе почнат да убедуваат уште една НБА ѕвезда да биде трејдувана во Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

