На повидок голема размена меѓу Ливерпул и Јувентус

Договорот на Адриен Рабио во Јувентус трае уште 12 месеци, а неговиот следен клуб би можел да биде Ливерпул. Со доаѓањето на Пол Погба во Јувентус, доведена е во прашање иднината на Французинот, па така тој бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата.

Британските медиуми пишуваат дека и покрај тоа што Ливерпул нема да тргне по засилувања во средниот ред, сепак, би можел да ја искористи можноста да го донесе Рабио на „Енфилд“. Во почетокот би требало да биде замена за Наби Кеита, но за Јувентус тоа не е доволно.

Наводно торинскиот клуб го бара Роберто Фирмино како размена за Рабио. Со оглед дека на Енфилд дојде Дарвин Нуњез, не би требало да биде проблем Бразилецот да биде пуштен во Торино, а Рабио да замине во Ливерпул.

Ливерпул сака да му понуди нов договор на Фирмино, меѓутоа новонастанатата ситуација би можела да ги натера челниците на „црвените“ да почекаат малку околу новата соработка, односно да го искористат како доведување на друг играч, со случајот Рабио.

Се вчитува...