Нов договор е на повидок помеѓу НБА тимовите Лос Анџелес Лејкерс и Далас, според бројни американски кошаркарски новинари.
НБА буквално беше потресена од неодамнешниот договор меѓу овие два клуба, по што словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го напушти Далас и се пресели во Лос Анџелес. Иако ги засили редовите на Лејкерси, а прогнозите велеа дека Дончиќ и Леброн Џејмс би можеле да го водат тимот до крајот на тековниот плејоф, клубот беше елиминиран од Минесота во првото коло по поразот од 1-4.
Во таа серија се покажа дека на Лејкерси хронично им недостасува вистински играч на централната позиција, на пример, во последниот натпревар, играчот на Минесота, Руди Гобер, постигна дури 27 поени со 24 скока и две блокади, а најавите за нова работа исто така одат во таа насока.
Од Далас во Лејкерс треба да замине 26-годишниот центар Даниел Гафорд, кошаркар кој во минатото играше за Чикаго и Вашингтон. Очигледно дека Лејкерси сакаат на Дончиќ да му донесат познат играч, со кој соработуваше во минатото.
Во спротивен правец треба да замине јапонскиот кошаркар Руи Хакимура, кој оваа сезона за Лејкерси оствари 13,1 поен по натпревар со пет скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

