На повидок нова спектакуларна борба: Мекгрегор се враќа во октагонот против Махачев

Контроверзниот ирски борец Конор Мекгрегор во моментов се рехабилитира по скршениот зглоб на ногата од борбата со Дастин Порие, па би требало да се врати во рингот на пролет следната година. Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт веќе го најави четвртиот меч меѓу Мекгрегор и Порие, но постојат и други опции.

Една од нив е Мекгрегор да се бори против Ислам Махачев, кој се смета за наследник на легенрадниот и „бесмртниот“ Хабиб Нурмагомедов. Борецот досега во УФЦ има забележано девет победи и еден пораз.

Според „Билд“, во моментов се водат преговори за датумот и местото за одржување на борбата, па наскоро се очекуваат повеќе детали.

Се вчитува...