На повидок разделба: Дембеле и ПСЖ далеку од нов договор!?

Усман Дембеле сака нов, финансиски подобар договор со ПСЖ, но претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи го предупреди дека неговите финансиски барања веројатно нема да бидат исполнети.

Освојувачот на „Златната топка“ моментално заработува 18 милиони евра годишно според договорот до 2028 година. Според „Л’Екип“, Дембеле бара значително зголемување на платата со месеци. Постојат извештаи дека ПСЖ понудил 30 милиони евра, но тоа не им се чинеше доволно на агентите на играчот.

Сепак, Насер Ал-Келаифи јасно стави до знаење дека клубот нема да направи ништо „лудо“ за да го продолжи неговиот договор.

„Имаме ограничување на платите, како што сите знаат“, потсети тој за Канал +, навестувајќи дека нема да прифатат никакви финансиски барања од играчот што не одговараат на максимумот што се подготвени да го понудат.

Дополнително Ал-Келаифи вели дека „Дембеле е легенда на клубот“, нагласувајќи дека никој не може да стави над клубот.

Се вчитува...