Атлетико Мадрид по седум години повторно ја освои титулата во шпанското првенство, а Диего Симеоне не планира да чека речиси деценија од нов шампионски наслов. Аргентинецот веќе започна со составување на тимот за следната сезона, а голема желба на искусниот стартег е Бернардо Силва.
Како што пренесуваат медиумите на „Островот“, Португалецот не е задоволен со минутажата во Манчестер Сити и побарал да биде ставен на трансфер листата кај „граѓаните“. Мадридскиот клуб ќе се обиде да го реализира овој трансфер со помошта на Саул Нигез, а и самиот 26-годишник кој целата своја кариера ја помина на „Ванда Метрополитано“ сака смена на средината.
Нигез влегува во последната година од договорот, не потпишува продолжување на соработката, па Симеоне планира да го искористи како „мамец“ за во размена за него да добие соодветна замена во средниот ред на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА