На приватна церемонија најблиските се простија со Халк Хоган

Легендарниот Халк Хоган беше погребан во Клирвотер, Флорида.

Тери Болеа, како што беше неговото вистинско име, беше погребан на приватна церемонија на која присуствуваа само оние со посебни покани.

На влезот во црквата имаше обезбедување кое не дозволуваше влез на непоканети лица. Дури и областа околу црквата беше забранета зона, па новинарите, видеорепортерите и фоторепортерите беа доста далеку од местото на настанот.

Медиумите известуваат дека церемонијата започнала со приватна служба во баптистичката црква „Индијан Рокс“ во Клирвотер, која Хоган редовно ја посетувал во последните години.

Денис Родман, Трипл Икс, Кид Рок, Рик Флер… се некои од познатите личности кои присуствуваа на погребот.

Се вчитува...