На ПСВ вакво нешто никогаш му се нема случено во 112-годишната историја

Тренерот на ПСВ Ајндховен, Петер Бош го коментираше поразот од неговиот тим во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите од 1-7.

Тој призна дека неговиот тим во моментов не е во најдобра форма, и дека сето тоа го искористил противникот, да дојде до убедлив триумф и до пласман во 1/4 финалето во ЛШ.

„Ужасна вечер за нас. Само два моменти за нас беа добри, кога погодивме статива и вториот жолт картон. Фудбалски немавме шанси. Не сме во најдобрата форма. Арсенал одигра фантастично, а ние немавме никаква шанса“, рече Бош.

Ова беше најголемиот пораз во европските натпреварувања во 112-годишната историја на холандскиот гигант.

Се вчитува...