На ПСЖ не му треба Мбапе – реди победи во низа (ВИДЕО)

ПСЖ продолжува со максималниот ефект во француската Лига 1, триумфирајќи и во 4. коло, овој пат на домашен терен против Брест со 3-1.

Дел Кастиљо во 29. минута ги шокираше домашните за предност од 0-1 на Брест, но тоа беше се од гостите. Се во продолжението беше во знакот на ПСЖ.

Најпрво во 42. минута Дембеле израмни на 1-1.

А, потоа во второто полувреме, Руиз во 73. минута донесе 2-1 за домашните а Дембеле со својот втор гол на мечот во 74. минута ги постави конечните 3-1, по кои ПСЖ повторно се врати на врвот од табелата.

Се вчитува...