Работнички повторно делува пресилно за ривалите од македонскиот шампионат. Го почувствува тоа на своја кожа и тимот на Фени индустри, кој поголем дел од првото полувреме имаше двоцифрена предност во однос на шампионот, надевајќи се дека би можел да стигне до сензација во „Градски парк“.
А тогаш, на сцена стапија домаќините, кои со само 10 добри минути си ја обезбедија победата. Одбраната на која инсистираше Докузовски конечно профункционира, дојде и до лесни поени на спротивната страна, па пресвртот беше неизбежен.
„Црвено-белите“ покажуваат дека повторно се фаворит број 1 за титулата, уште повеќе ако е знае дека сезоната ја стартуваа со само еден странец, па имаат доволно простор во ростерот за дополнителни засилувања во пресрет на Супер-лигата и плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА