На Реал Мадрид може да му се повтори случајот „Робињо“

Манчестер Сити повторно може да му создаде проблеми на Реал Мадрид откако интерес за мега-ѕвездата на „кралевите“, Винициус Џуниор покажал Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег е љубител на играта на младиот Бразилец и сака по секоја цена да го доведе на „Етихад“.

Со тоа на мадридскиот тим може повторно да му се повтори случајот „Робињо“, кога бразилскиот ас во 2008 година ги замине белите за сините бои во трансфер вреден 42 милиони евра па останува да видиме дали и неговиот помлад сонародник ќе ги заследи стапките.

Винициус кој важи за еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата е дел од Реал Мадрид од 2018 година и досега забележа 145 настапи со 29 постиганти голови и 32 асистенции зад своето име. Оваа сезона игра фантастично и еден од „виновниците“ за доминацијата на мадридскиот клуб кој е прв на табелата во Шпанија и лесно избори место во следната фаза од ЛШ.

Се вчитува...