Фудбалерите на Реал Мадрид потешко од очекуваното ја минаа првата пречка во „Купот на кралот“ откако вечерва во натпревар од 1/16 финалето славеа со 1-3 на гостувањето кај нисколигашот Taлавера.
Гостите поведоа со 0-1 со сомнителниот пенал кој го реализираше Килијан Мбапе во 41. минута. Во судиското надополнување во првиот дел беше 0-2 откако автогол си постигна домашниот фудбалер Фарандо.
Домаќините намалија на 1-2 преку Аројо во 80. минута. Килијан Мбапе со својот втор гол во 88. минута донесе ново водство од два гола за „кралевите“ (1-3), додека конечните 2-3 ги постави Наваро во 91. минута.
CF Talavera 0 – [1] Real Madrid – K. Mbappé 41'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

