Директорот на Формула 1 тимот на Мекларен, Зек Браун изјави дека австралискиот возач Даниел Рикардо би можел да се врати во британскиот тим. Минатата сезона Рикардо го зазеде 11. место во генералниот пласман со 37 поени.
Мекларен го раскина договорот со Рикардо, кој оваа сезона ќе биде резервен возач на Ред Бул.
„Рикардо е талентиран. Ни го покажа тоа во Монца, а во кариерата победи на осум трки. Се надевам дека ќе го видам повторно на патеката во Ф1, што е негова желба, а вратата на Мекларен му е отворена. Ако ѕвездите се поклопат, би сакал повторно да биде дел од нашиот тим“, изјави Браун за каналот на Мекларен на Јутјуб.
Пред Мекларен, Рикиардо возеше за Рено, Ред Бул, Торо Росо и Хиспанија Рејсинг. Оваа сезона за тимот на Мекларен ќе возат Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА